Два брачни пара загинаа во сообраќајката кај Ресен

Четворица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случила на патот Ресен- Охрид во близина на селото Крушје, потврдуваат од МВР.
Според полициски информации, до несреќата дошло околу 16.30 часот, кога при се уште неразјаснети околности се судриле три автомобили, „мерцедес“, „БМВ“ и „ауди“, два со битолски и еден со охридски регистарски таблички.

Во несреќата загинаа два брачни пари кои што се наоѓале во „мерцедесот“ и во „аудито“.

Станува збор за лицата М.Р ( 67) и М.Р. (65) и двајцата од Битола, и за брачниот пат од селото Трновци Ц.С (53) и Д.С (59) кои се наоѓале во „аудито“, соопшти портаролот на СВР Битола Сања Стаматова.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.