Двајца актери во Мексико загинаа на снимање

Мексиканската телевизија Televisa во петокот објави за смртта на двајца актери во текот на снимањето на гледана телевизиска серија откако паднале од висечки мост.

„Во четвртокот ноќта за време на снимањето на епизода од серијалот ‘Без страв од вистината’, актерите Хорхе Наваро Санчез и Луис Херардо Ривера загинаа како резултат на падот од мостот локацијата (на снимањето)“, објави телевизијата на својот профил на Twitter.

Трагедијата се случила на сетот на третата сезона на серијалот, кој започнал да се емитува во 2018 година. Поединости за инцидентот не се обелоденети. Водството на снимателската екипа порача дека соработува во истрагата за инцидентот со властие на Сиудад де Мехико.