Двајца Албанци се лицата кои со авомобил се залетаа во аеродромот во Барселона

Двете лица коишто во петокот утрото намерно со автомобил се залетале во терминалот во Барселона се државјани на Албанија, а каталонската полиција којашто ги уапсила на аеродромот подоцна објави дека не се обиделе да извршат територистички напад.

„Отфрлен е тероризмот како мотив на утринскиот настан на аеродромот Ел Прат. Двајцата мажи се уапсени, а настанот се третира како обично злосторст во“, извести каталонската полиција преку Twitter.

Околу пет часот утрото автомобил во кој биле двајца мажи се забил во терминалот Т1 оштетувајќи го стаклото на влезот. Началникот на каталонската полиција Едуард Салент изјави на претпладневната прес-конференција за медиумите дека станува збор за двајца албански државјани од кои еден се „декларирал исламистички“ во текот на упадот на аеродромот.

Полицијата во тој момент не отфрлаше ниту една претпоставка за можниот мотив, истакнувајќи дека истрагата е во тек, а регионалниот министер за внатрешни работи Микуел Бух рече дека намерно се залетале со автомобилот во терминалот.

Кога со возилото влетале внатре, мажите излегле од автомобилот па им се заканувале на помал број патници кои се нашле таму.

„Се однесувале неконтролирано, не биле при себе, тргнале кон луѓето коишто спиеле и почнале да ги навредуваат и да им се закануваат дека сите ќе ги убијат“, изјавил очевидецот Виктор Мануел Санц Поведа за медимите, пренесе телевизијата Antena 3.

„Потоа со ескалаторот се патија кон излезот од аеродромот каде што ги оппкружи полцииајта и ги присили да легнат на земајта. Беа многу агресивни и викаа дека ќе ги убијат полицајците. Многу се исплашивме“ додал Поведа.

Полицијата претходно извести дека во автомобилот не е пронајден експлозив, ниту друг опасен материјал. Весникот La Vanguardia извести во своето интернет издание дека мажите биле под дејство на опојни средства.

Влезот во подземната железница на терминалот беше привремено затворен, но терминалот и аеродромот нормално продолжија да функционираат. Поради мерките за сузбивање на епидемијата од коронавирусот, немало голем број патцнии.

Барселона и блиското место Камбрилс беа место на терористички напад во летото 2017 година. Тогаш џихадисти со возила и ножеви усмртија 15, а ранија уште 131 лице.