Двајца алпинисти и еден спасувач настрадаа во лавина во Словенија

Двајца алпинисти и еден спасувач настрадаа во лавина во Словенија, соопштуваат тамошните власти.

Првите две жртви настрадале во лавината утрово на околу 40 км од Љубљана.

Во текот на извлекување на телата дошло до втора лавина, која повлекла уште еден член на спасувачката екипа, а двајца се повредени.

Спасувачите се евакуирани со воен хеликоптер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.