Двајца фудбалери на Македонија Ѓорче Петров позитивни на коронавирусот

Фудбалскиот клуб Македонија Ѓорче Петров соопшти во петокот дека двајца фудбалери од неговата прва екипа се позитивни на коронавирус.

„Им посакуваме побрзо враќање на тренинзи на нашите два играчи позитивни на Ковид-19. Играчите се дома и во добра состојба и истите немаа никакви симптоми изминативе денови“, споделија од клубот.

Во соопштението не се наведува за кои играчи станува збор.

ФК Македонија ЃП ги откажува пријателските натпревари со ФК Работнички и ФК Академија Пандев се до следната недела кога ќе се спроведе повторно тестирање на целата екипа за да се потврди дека сите се негативни.

„Сакаме да покажеме одговорност и пример како треба сите клубови да се однесуваме во време на пандемија! Апелираме до сите клубови да не играат натпревари без тестирање“, се додава во соопштението

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.