Двајца Германци уапсени во Хонгконг поради нелегално собирање

Двајцата германски студенти се уапсени во Хонгконг поради „илегално собирање“ во рамките на протестите кои го парализираат овој автономен кинески регион, објави тамошната полиција ноќта кон саботата.

Во соопштението се наведува дека двајцата Германци, на возраст од 22 и 23 годони, биле приведени во четвртокот. Полицијата не го открива идентитетот на уапсените Германци, но истакнува дека помладиот е обвинет и за кршење на забраната за носење маски.

Германското министерство за надворешни работи ги потврди апсењата, без да ги прецизира идентитетот на уапсените, ниту обвинувањата против нив. „Нашиот конзулат во Хонгконг им дава конзуларна помош на овие лица и е во контакт со адвокатот и локаните лваст“, рекол во Берлин извор од министерството.

Според германскиот весник Bild, кој се повикува на локални хонконшки активисти, двајцата млади Германци се наоѓаат во полуавтономната кинеска област во рамките на студентската размена со хонконшкиот универзитет Лингман.