Британската конзервативна партија в сабота по гласањето на нејзините членови ќе добие нов лидер кој ќе одлучува меѓу двајца кандидати, така што партијата, по историскиот пораз на последните избори, ќе биде поставена на нова основа.
Пвоеќемесечната кампања произведе двајца кандидати: фаворитката 44-годишната „Кеми“ Олукеми Олуфунто Адегоке Баденок, жесток противник на екстремната левичарска „воук“ агенда и 42-годишниот Роберт Џенрик, поранешниот министер за имиграција кој го стави токму ова прашање во центарот на неговата кампања.
Кеми Баденок, родена во Велика Британија во семејство од Нигерија, водеше кампања за „преродба“ на партијата и враќање на „вистинските конзервативни вредности“. Таа ја обвини својата партија дека станува сѐ повеќе либерална за некои општествени прашања како што е родовата идеологија.
Нејзиниот ривал Џенрик, е познат како „аутсајдер“. Има скромно потекло од Мидлендс, во централна Англија. Тој сака да создаде „нова конзервативна партија“ по моделот на реформите спроведени од Маргарет Тачер во 1970-тите.
Членовите на партијата гласаа во повеќе кругови за Роберт Џенрик или Кеми Баденок, меѓу 15-ти и 31-ви октомври. По неколкуте круга гласање отворено само за партиските пратеници, „ториевците“ требаше до четврток да го дадат својот глас за еден од кандидатите, а резултатите се очекуваат во сабота во 11 часот по локалмо време.
На последните избори за шеф на партијата во 2022 година, во гласањето учествуваа најмалку 141.000 членови.
Според анкетите, Баденок има голема предност пред нејзиниот противник за наследник на поранешниот премиер Риши Сунак. Сунак поднесе оставка по парламентарните избори на кои партијата претрпе голем пораз.
Победникот ќе стане лидер на опозицијата и редовно секоја среда напладне во Претставничкиот (долниот дом на британскиот Парламент) ќе го решета со прашања лабуристичкиот премиер Кир Стармер.
Сепак, конзервативците се ослабени во парламентот, со оглед на тоа што имаат само 121 мандат, две третини помалку во однос на поранешниот состав на парламентот.
Имено, голем дел од нивните лојални гласачи на последните избори се свртеа или кон центристичката Либерал-демократска партија или кон екстремно десничарската партија Reform UK предводена од Најџел Фараж, своевремено нажестокиот поддржувач на Брегзитот.
По изборот на нов лидер, партијата е пред голема задача: како да ја врати довербата на британскиот народ. Откако со години беше доминантна партија, нејзиното центристичко крило во парламентот постепено се намали, а во овој контекст и двајцата кандидати водеа кампања на екстремната десница, осудувајќи ги даноците од владејачката Лабуристичка партија или критикувајќи ја имиграциската политика.