Двајца кошаркари на Лејкерс позитивни на коронавирусот

Двајца играчи на НБА франшизата Лос Анџелес Лејкерс се позитивни на новиот тип коронавирус, објави клубот во четвртокот ноќта, додавајќи дека и двајцата се во карантин и под грижа на клупскиот лекарски тим.

Меѓутоа, Лејкерс, како претходно и Денвер Нагетс, не го открива идентитетот на двајцата заразени кошаркари, но наведуваат дека сите играчи се тестирани поради домашниот натпревар одигран на 10-ти март против Брукли Нетс, чиишто четворица кошаркари се заразени со Covid-19.

„Денеска дознаме дека двајца играчи на Лејкерс се позитивини на коронавирусот. Двајцата моментално немаат симптоми, во карантин се и под грижа на тимот лекари. Сите играчи и персоналот на Лејкерс и натаму се во самоизолација, и ја следат својата здравствена состојба, се советуваат со личните лекари и се во постојан контакт со тимот“, наведуваат од клубот.

НБА се најде на удар на критики бидејќи им овозможи на своите играчи тестови за коронавирусот, кои инаку не се лесно достапни за најголемиот дел од жителите на САД, па дури ниту за пациентите кои покажуваат симптоми на респираторни болести.

Лејкерс објавија дека здравствените работници им го советувале тестирањето на своите играчи, токму поради натпреварот со Нетс.

Неколку екипи од НБА објавија дека набавиле тестови за коронавирус приватно, и дека не користеле јавни ресурси од Центарот за контрола и превенција на болестите на САД (CDC).

НБА минатата седмица ја суспендираше сезоната на неодредено време, откако беше откриено дека францускиот центар на Јута Џез, Руди Гобер, е заразен а по него беше потврдено дека се инфицирани уште неколку играчи.

Откако во четвртокот беше објавено и дека две лица од Детроит Пистон се заразени со коронавирусот, НБА им порача на клубовите да ги затворар салите, просториите за тенинг, и другите клупски простории.

Лигата претходно соопшти дека ирачите и вработените можат да престојуваат во клупските простории, под одредени услови. Но отсега, играчите ќе може да тренираат единствено од дома. НБА, исто така, ги поттикнува играчите да останат изолирани во своите домови, а да ги напуштаат само кога имаат потреба да набават продукти или лекови.