Двајца Кубанци приведени кај Меџитлија

Двајца кубански државјани синоќа се приведени во реонот на Граничниот премин „Меџитлија“, откако се обиделе незаконски да ја преминат државната граница.

Како што информираат од МВР, вчера во 19:45 часот кај манастирот Св. Илија во реонот на Граничниот премин „Меџитлија“, во близина на граничната линија помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција, од слобода биле лишени П.Р.Е. (44) и Р.Т.Л.М. (33), двајцата од Куба, поради тоа што биле затекнати при обид незаконски да ја преминат државната граница,

Кубанците биле приведени и предадени на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка.