14.8 C
Skopje
среда, април 17, 2024

Двајца малолетници повредени во масовна тепачка во Скопје

Двајца средношколци се здобиле со расекотини од нож, по масовната тепачка меѓу две поголеми групи ученици пред средното училиште “Марија Кири Склодовска”  во Скопје.

Повредените ученици на возраст од 15 и 18 години и се пренесени во Ургентниот центар, пренесе СИТЕЛ.

Едниот од нив има расекотини на подлактицата и на дланката и е задржан на пластична хирургија, додека другиот има само повреди на дланката добиени од нож.

Од МВР го потврдија настанот кој се случил околу 17 часот и најавија повеќе детали.