Двајца министри позитивни на Covid-19 по состанокот на ЕУ

110

Министрите за надворешни работи на Австрија и на Белгија биле позитивни на тестовите на новиот коронавирус по учеството на состанокот со нивните колеги од земјите членки на Европската унија одржан оваа седмица.

Шефот на австриската дипломатија Алексендер Шаленберг и неговата белгиска колешка Софи Вилмес седеле еден крај друг во текот на заедничкиот работен појадок на состаникот на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ во понеделникот во Луксембург, соопшти австриската дипломатија.

Вилмес во саботата, ден откако се повлекла во самоизолација поради симптоми на Covid-19, објави дека била позитивна на тестирањето.

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Маас во петокот бил негативен на коронавирусот и не бил во близок контакт со Шаленберг, соопшти германската дипломатија, додека шведската министерка Ан Лоинде работи од дома додека не добие негативен резултат од тесот, соопшти нејзиното министерство.

Повеќе други министри за надворешни работи, вклучително и францискиот Жан-Ив Ле Дриан и шпанската Аранча Козалес, последните денови биле негативни на тестирањата. Грчкиот министер Никос Дендијас „многу често се тестира на Covid-19, имајќи ги предвид честите патувања, и се чувствува добро“, соопштија од Атина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.