Двајца млади мажи повредени во судар во Шуто Оризари

Двајца дваесетгодишници се повредени во судирот на возилата со кои управувале во четвртокот вечерта околу 20 часот на улицат „Индира Ганди“ пред затворот во скопската населба Шуто Оризари.

Сообраќајниот инцидент се случил меѓу автомовил „пасат“ со скопски регистерски таблички од Б.Н.  и „поло“, исто така со скопски регистерски ознаки управуван од М.А.. И двајцата се на 20 години и двајцата од Скопје.

На местото на несреќата излегла екипа на службата за итна медицинска помош, а кај возачите им биле константирани телесни повреди во скопскиот клинички центар.

 

На терен исто така, излегла и екипа од СВР Скопје која извршила увид.