Двајца млади скопјани приведени поради дроги

Во понеделникот полициски службеници од СВР Скопје, врз основа на судска наредба, извршиле претреси во домовите на 20-годишниот П.П. и 17-годишниот Д.П., двајцата од Скопје, а поради пронајдените работи и двајцата се приведени.

При претресот во домот на П.П. биле пронајдени марихуана, три куршума и други предмети. Додека, при претресот во домот на Д.П. биле пронајдени марихуана, таблети екстази и дигитална вага со остатоци од марихуана.

Тие биле лишени од слобода и приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.