Двајца млади скопјани приведени пред локал поради поседување наркотици

Двајца скопјани, на 21 и на 20 години,  се приведени изминатата ноќ, откако при полициска контрола кај нив се пронајдени недозволени супстанции.

Во петокот вечерта во 20,45 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода 21-годишниот Х.Т. од Скопје, затоа тоа што кај него биле пронајдени и одземени таблети.

Речиси половина час подоцна, околу 21,10 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода 20 годишниот Г.М. од Скопје, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана и една дигитална вага со остатоци од марихуана.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријав