Двајца од преживеаните во сабота ќе бидат префрлени во Скопје

„Утре во Скопје ќе бидат префрлени најмладата преживеана патничка, 16 годишната девојка и уште еден полнолетен граѓанин“, брифираат од Министерството за здравство за ТВ21.

Од таму додава дека тие се во добра состојба.

„Останатите петмина се опоравуваат по извршените зафати во Бугарија“, велат од МЗ.