Двајца опозиционери кои се сретнаа со Лукашенко пуштени на слобода

Јуриј Воскресенск, поранешен шеф на координативниот штаб на опозицијата во Белорусија

На двајца уапсени претставници на белоруската опозиција, по средбата во саботата со претседателот Александр Лукашенко во истражниот затвор на безбедносната служба КГБ во Минск, им се преиначени мерките и ќе бидат ослободени, објави во неделата вечерта државната телевизија.

Во прилогот на телевизијата се наведува дека „како што се дознава“, станува збор за директорот на компанијата „PandaDoc“, Дмитриј Рабцевич, и политикологот Јуриј Воскресенски, на коишто „денеска им се промените мерките за забрана“.

Притоа, белоруската државна телевизија на својот прв канал емитуваше снимка на којашто се гледа дека Воскресенски стои на улица.

Потоа службената новинска агенција БелТа објави изјава на Воскресенски, порашен шеф на опозицискиот штаб, во која меѓу другото вели дека од „речиси петчасовните разговори со Лукашенко“ добил впечаток дека власта е подготвена и „на конкретни чекори“ кон воспоставување дијалог.

Лукашенко во саботата неочекувано и ненајавено во истражниот затвор се сретна со 11 опозициски челници затворени откако во Белорусија започнаа најмасовните протести откако на претседателските избори на 9-ти август повторно надмоќно победи претседателот кој е на власт од 1994 година. Како што беше соопштено, Лукашенко со нив разговарал за уставните реформи кои ги предложи во обидите да ја смири ситуацијата во земјата.

И покрај брзите ослободувања на приведените демонстранти, белоруската полиција и во неделата продолжи со апсење на учесниците на протестите во Минск, на кои употребила водени типови и палки за растерување на демонстрантите, кои деветта недела по ред повикуваат на одржување нови претседателски избори.

На улиците во неколку белоруски градови излегле неколку илјади луѓе, видно помалку од почетокот на масовните протести од кои се известуваше и за повеќе од 100.000 демонстранти само во Минск. На локалните и регионалните медиуми беа емитувани снимки како полициско возило го насочува водениот топ кон демонстрантите, а полицајците од толпата извлекуваат лица кои ги носат во црни комбија и ги тепаат со палки, а биле користетни и шок-гранати.

Според инфромациите, во неделата полицијата привела 50 лица. Од почетокот на протестите, како што се проценува според извештаите на белоруското министерство за внатрешни работи кои ги објавува ден по протестите, досега биле приведени повеќе од 13.000 луѓе, но најголемиот дел од нив подоцна се ослободени.

Откако Виктор Бабарико, главен противкандидат на Лукашенко на претседателските избори кој беше уапсен уште во јуни, и по апсењето на Сергеј Тихановски, сопругата на вториот Светлана Тихановска стана главен опозициски кандидат која освои 10 отсто од гласовите.

Тихановска пред изборите замина за Москва од каде што се врати за гласањето, а веднаш потоа замина во егзил во Литванија, а Западот сега ја доживува како водечки опозиционер. Таа повикува на нови избори и ослободување на сите политички затвореници во земјата.

„Ќе продолжиме мирно и упорно да маршираме и да го бараме она што ни припаѓа: нови, слободни и транспарентни избори“, порача преку социјалните мрежи во неделата Тихановска.