Двајца пациенти и тројца вработени во геријатрија „13 Ноември“ се позитивни на Ковид-19

Двајца пациенти и тројца вработени во Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Скопје се позитивни на новиот коронавирус, објави СДК.мк.

Информацијата ја потврди и директорката д-р Салија Љатиф-Петрушовска.

Од детектираните петмина позитивни, двајца се со потешка клиничка слика и се пренесени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Останатите тројца се асимптоматски и префлени се за лекување во новиот ковид-центар во рамки на болницата Козле.