Двајца починаа, 319 нови случаи на ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.250 тестови, а регистрирани се 319 нови случаи на ковид-19: Скопје – 162, Битола – 23, Прилеп – 21, Кавадарци – 20, Куманово – 16, Охрид и Гевгелија – по 10, Кичево и Ресен – по 7, Тетово – 6, Велес, Струмица, Кочани, Радовиш и Богданци – по 4, Гостивар и Свети Николе – по 3, Делчево и Валандово – по 2, Штип, Неготино, Крива Паланка, Берово, Кратово, Крушево и Демир Хисар – по 1.

„Од вкупниот број на позитивни (319), регистрирани се 54 реинфекциии. Регистрирани сe 288 оздравени пациенти од: Скопје – 161, Битола – 23, Прилеп – 18, Куманово – 14, Кавадарци и Велес – по 13, Кичево, Ресен и Крива Паланка – по 6, Тетово – 5, Гостивар – 4, Гевгелија, Штип и Неготино – по 3, Струмица, Кочани и Демир Хисар – по 2, Богданци, Кратово, Крушево и Дојран – по 1. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се две починати лица, од Скопје (69 и 71), починати во болнички услови.

Кај пријавените починати лица (2), се регистрирани коморбидитети. Досега во земјата се направени вкупно 1.933.038 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 302.867, бројот на оздравени пациенти е 291.719, на починати е 9.164, а бројот на активни случаи изнесува 1.984“, се вели во соопштението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.