Двајца починаа, 590 нови случаи на ковид-19

Регистрирани се нови 590 случаи на ковид-19 од направени 1.593 тестови, а две лица се починати, соопшти денеска Министерството за здравство.

Меѓу заболените од Скопје се 261, Битола – 34, Кавадарци – 31, Охрид – 27, Тетово – 23, Куманово и Велес по 21, Прилеп – 19, Делчево – 17, Штип – 16, Гевгелија – 12, Струмица и Струга по 11, Кочани – 10, Гостивар и Неготино по 9, Радовиш и Виница по 7, Берово – 6, Крива Паланка и Кратово по 5, Кичево и Валандово по 4, Ресен , Свети Николе и Демир Капија по 3, Крушево, Демир Хисар, Македонски Брод и Македонска Каменица по 2, Дебар, Пробиштип и Пехчево по 1.

Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 142 реинфекции. Регистрирани сe 583 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица во болнички услови, од Скопје (72) и Охрид (82). Во Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин не се  регистрирани починати лица.

Досега во земјата се дијагностицирани 336.041 лица, бројот на оздравени пациенти е 323.051, на починати е 9.426, а бројот на активни случаи изнесува 3.564. Во Скопје има 1458 активни случаи.