Двајца починати во Кавадарци, две позитивни негувателки во градинка, 22 деца во изолација

Две негувателки вработени во различни објекти од градинка во Кавадарци се позитивни на корона вирус во Кавадарци, поради што во изолација се  22 деца и четворица вработени.

Заболен е и еден здравствен работник, потврдува за МИА, д-р Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Центарот бележи и две починати лица, на 66 и 81 година.

Во последното деноноќие се потврдени нови 28 случаи позитивни на корона вирус. Во Кавадарци 16, Росоман 2, Неготино 6 и 4 лица во Демир Капија. Тие се на возраст од 17 до 79 години