Во средата во СВР Скопје било пријавено дека во 15.45 часот на булеварот „Крсте Мисирков“ се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот А.М. од Скопје и патничко возило „шкода“, сопственост на Минитерството за внатрешни работи.
Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници од возилото „шкода“, констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.