Двајца повредени во излетување на автомобил на патот Охрид – Свети Наум

25

На регионалниот пат Охрид – Свети Наум Г.Џ.(39) од Охрид, вчера попладне управувајќи патничко возило „рено лагуна“, со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

-Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила сопатничката М.Џ.(32) од Охрид, по што биле пренесени во болницата „Свети Еразмо“ за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.