Двајца повредени во излетување на возило кај Могила

22

На 25.07.2020 околу 19.00 часот на патот Битола – Прилеп, кај клучка „Могила“, патничко возило „ауди“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Ѓ.(58) од Прилеп, излетало од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Д.И.(57) од Прилеп, констатирани во Градската болница – Прилеп, каде што биле пренесени за укажување лекарска помош.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.