Двајца повредени во невремето, пренесени се на клиника

Двајца повредено по силното невреме кое попладнево го погоди Скопје, објави Сител.

Според телевизијата, двете лица се повредени од дрво кое паднало врз нивниот автомобил, додека бил во движење.

Тие во моментот се во добра здравствена состојба, а пренесени се во скопските клиники.

Возилото останало заглавено под дрвото, па интевернирале службите на Противпожарната бригада и Итната медицинска помош.