Двајца повредени во судар на патот Кочани – Делчево

Сообраќајна несреќа во која повредени се две лица се случила вчера во 11.40 часот на магистралниот пат Кочани – Делчево, на место викано „Каменолом-Драка“, атар на Виница.

Во сообраќајката учествувале „нисан“, со штипски регистарски ознаки, управувано од 71-годишниот В.С. од Делчево и товарно возило „форд транзит“, со кочански регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот Д.С. од Кочани.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот В.С. и сопатничка од истото возило 67-годишната Ј.С., по што биле пренесени во Медицинскиот центар во Кочани за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од Полиц