Двајца повредени во судар на патот Охрид-Ресен

Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа којашто се случила во неделата во 11:10 часот на магистралниот пат Охрид – Ресен, кај охридското село Опеница.

Во сообаќајна незгода учествувале автомобил „форд мондео“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 60-годишниот С.Ј. од Охрид и мотоцикл „априлја“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од 25-годишниот Г.Б. од Прилеп.

Мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, додека Т.Т., на 24 години, исто така од Прилеп, сопатничка на мотоциклот, се здобила со телесни повреди.