Двајца повредни во судар на булеварот „Борис Трајковски“

141

Сообраќајна несреќа се случи вечерва во скопската населба Кисела Вода на крстосницата на булеварот „Борис Трајковски“. Во несреќата учествувале џип „БМВ Х6“ и „опел астра“.

Со возила на Итната медицинска помош две лица биле однесени во болница. Засега не е позната здравствената состојба на двајцата повредени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.