Двајца приведени за пукањето во „Александар Палас“, им се заканувале на полицајците

Две лица осомничени за вмешаност во вооружената пресметка од ноќта кон неделата во скопскиот хотел „Александар Палас“, се приведени од страна на полициските специјалци, потврди во понеделникот вечерта Министерството за внатрешни работи од каде додаваат дека опсеќната полциска акција сѐ уште е во тек.

„Изминатото деноноќие полицијата презеде оперативно такитчки активности со цел расветлување на настанот во хотелот ‘Алесканда Палас’. Приведени се две лица кои се поврзани со овој настан и со кои се обавуваат истражни разговори. Со оглед на тоа дека станува збор за опсежна полициска операција која е во тек, во овој момент детали нема да бидат соопштени“, наведуваат од минситерството.

Според официјално непотврдени информации, во полициската станица „Карпош“ во понедленикот се приведени на распит две од петте лица во кои беше пукано ресторанот на споменатиот хотел.  Други двајца од групата во којашто беше пукано претходно претпалденов веќе биле на распит.

Според непотврдени инфромации на медиумите, приведените пишувале заканувачки пораки до полицијата наведувајќи припадници на полицијата се виновни што било пукано кон нив.

Продолжува потрагата по осомничените за вооружената пресметка во којашто за среќа немаше настрадани.

Околу полноќ кон неделата три лица пукале во група мажи кои седеле во ресторанот на хотелот „Александар Палас“, при што со својот пиштол возвратил полициски службеник кој во тоа време не бил на должност.

Според сознанијата на повеќето медиуми, станува збор за пресметка меѓу две групи од скопското подземје, од населби во скопско. Во атарот на скопското село Арачиново беше пронајдено опожарено возило „фолсваген туарег“  во кое имало две автоматски пушки.

Според неофицијалните сознанија, станува збор за судир меѓу групи од Грчец и Арачиново, кои веќе подолг период се пресметуваат меѓусебно за превласт на нарко-пазарот во земјата.