Двајца ранети во изрешетано „ауди“ во скопска Железара

Две лица се повредени во вооружен уличен напад, кој синоќа се случил во скопската населба Железара.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека во 00,21 часот по полноќ добиле пријава дека на улицата „Ферид Бајрам“ во скопската населба Железара биле слушнати истрели од огнено оружје.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и било констатирано дека 29-годишниот И.А. и 35-годишниот С.Р., двајцата од Скопје, биле повредени од огнено оружје и дека во пукотниците било оштетено и патничко возило „ауди“, сопственост на 33-годишниот Е.С. од Скопје.

Повредените биле пренесени во болницата „Систина“ за укажување медицинска помош.

Од Министерството за внатрешни работи додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.