Двајца скопјани биле агресивни кон полицаец, па се приведени

На 31.10.2021 во 00:45 часот во Полициската станица Бит Пазар биле приведени Ј.О.(25) и Ф.О.(30), двајцата од Скопје.

Приведени се затоа што пред угостителски објект на ул.„Цветан Димов“ агресивно се однесувале кон полициски службеник кој извршувал службено дејствие.

По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.