Двајца скопјани фатени при кражба од автомобил

Во неделата утрото околу 4 часот, на крстосувањето на улиците „Народни херои“ и .„Михаил Чаков“, полициски службеници ги уапсиле 25-годишниот В.Н. и 37-годишниот А.М., и двајцата од Скопје во обид да обијат автомобил.

Приведените биле фатени при  вршење на кривично дело „тешка кражба“ од патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на 30-годишниот П.А.

 Лицата се приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка, за случајот е известен Јавен обвинител и по комплетно  документирање против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.