Двајца скопјани нападнати од кучиња скитници

Два случаи на напад од улични кучиња биле пријавени во текот на вчерашниот ден. Според билтенот на МВР во 12:45 часот во СВР Скопје, Б.С.(32) од Скопје пријавил дека на ул.„Кеј Димитар Влахов“ бил каснат од куче скитник.

Вториот случај пак регистриран во центарот на градот.

-На 02.07.2021 во 11:30 часот во СВР Скопје, Н.Н.(30) од Скопје пријавил дека на ул.„Димитрије Чуповски“ бил каснат од куче скитник – стои во билтенот на МВР.