Двајца скопјани се уапсени вчера во Градскиот парк во Скопје

Двајца скопјани се уапсени вчера во Градскиот парк во Скопје.

Од полицијата информираат дека во 13 часот полициски службеници од Eдиницата за недозволена трговија при СВР Скопје, ги лишиле од слобода Х.П.(21) и Ф.К.(23), двајцата од Скопје, затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана.

-После тоа, со судска наредба бил извршен претрес во домот на Х.П.(21) во населба Радишани, при што била пронајдена и одземена марихуана, семки од марихуана и дигитална вага. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.