Двајца Срби застрелани и избодени во Мајами од непознати напаѓачи

Србинот Н.Р. бил застрелан, а уште еден избоден со нож во Мајами. Двајцата се во болница.

Нападот се случил околу 18 часот и 45 минути по локално време во престижен кварт во Мајами, кога засега неидентификувани напаѓачи на паркингот во трговски центар го нападнале Н.Р. и неговиот пријател, кои се враќале од пазарење. Мотивот бил грабеж.

– Носевме торби со купени работи кога неколкумина од нив не пресретнаа на паркингот, токму во моментот кога го отворивме багажникот. Бараа да им дадеме чанти и паричници, а кога не се согласивме, почна тепачка. Гледајќи дека работите нема лесно да пројдат, извадија пиштоли и ножеви. Двапати ме удрија со пиштол одзади во главата, но возвратив, останувајќи на нозе. Потоа пукаа, изјави за српски Тајмс нападнатиот Н.Р.

– Едниот куршум ми помина низ левата нога, а другиот ја погоди коската на десната нога. Тогаш мислев дека ќе умрам затоа што изгубив многу крв, а не знаевме кога ќе дојде брзата помош. За среќа, брзо интервенираа, додал соговорникот во моментите додека лекарите во болницата го подготвувале за операција на десната нога.

– Болките се многу големи, чекам операција, но ќе ја истуркам, ние сепак сме Срби. Мојот другар се чувствува добро, моментално му вршат интервенција. Се надевам дека и двајцата ќе излеземе без последици, вели тој.