Двајца тешко повредени на автопатот Скопје – Велес, возач побегнал од местот на несреќата

Две лица од едно потешко се повредени во сообраќајна несреќа која вчера во 13:50 часот се случила на автопатот Скопје – Велес.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од 51-годишниот Н.Ј. од Скопје и патничко возило „ауди“, со косовски национални ознаки, кое по незгодата го напуштило местото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобила сопатничката на мотоциклот А.Ј.  на 20 години од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, велат од МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.