Двајца турски војници загинаа во напад во Сирија

Двајца турски војници загинаа а уште тројца други се ранети во напад од неидентификувани милитанти во саботата во сириската северна провинција Идлиб, соопшти турското министерство за одбрана.ж

„Во зоната на деескалација Идлиб на 11-ти септември 2021 година, двајца наши војници беа убиени во текот на операциите за пребарување како резилтат на нападот врз нашите единици. Уште тројца војници се ранети во истиот напад, и тие се пренесени во болница“, се наведува во соопштението на министерството.

Иако во објавата не се посочува на можните извршители на нападот врз турските сили во соседна Сирија, весникот Yeni Safak повикувајќи се на свои анонимни извори тврди дека зад нападот стојат припадниците на забранетата сепартистичка партија Работника партија на Курдистан (PKK), која е обвинета за тесна соработка со сириските Курди коишто го вооружуваа САД во борбата против Исламската дражва.

Во северозападна Сирија во 2017 година во договор меѓу Русија и Турција беше воспоставена ткна „зона на дееескалација“, каде што еа пренесени милитантите кои одбија да го положат оружјето откако сириските владини сили ја вратија контрилата во Источна Гута близу Дамаск и во јужните провинции на земјата.

Од 6-ти март 2020 година во Идлиб на сила е режимот на прекин на огнот, според истиот договор меѓу Москва и Анкара. Но и покрај честите заеднички руско-турски и засебни воени патролирања, бунтовничките групации кои ја имаат поддршката на Турција и милитантите на терористичката групација Џебхат ан-Нусра, којашто се смета за сириско крило на Ал Каеда, редовно го прекршуваат прекинот на огнот со гранатирање на позициите на сириската војска и цивилни населени места.