Двајца убиени во втората ноќ од безредијата во Висконсин

Две лица се убиени а едно е повредено во втората ноќ од немирите во американскиот град Кеноша, во сојузната држава Висконсин, предизвикано од полициски истрели кон афроамериканец.

Дваесет и деветгодишниот Џејкоб Блејк беше застрелан од полицајци во неделата во автомобилот во кој биле неговите деца откако ги игноритал повиците да застане од полицајците кои биле повикани поради семејно насилство.

Блејк е во болница и неговата мајка изјави дека е при свест. Неговите адвокати велат дека ќе биде „чудо“ ако може да оди. Неговите роднини е парализиран и се бори за животот.

Во градот започнаа безредија и протести поради инцидентот, како продолжување на протестите кои започнаа во мај ширум САД по полициското убиство на афроамериканецот Џорџ Флојд.

Во инцидентот кој се случил во вторникот вечерта по локално време учествувале демонстранти против полициската бруталност и вооружени мажи кои чувале бензиска пумпа.

Протестите биле насилни и предизвикале материјални штети врз приватни и јавни објекти, пренесуваат медиумите. Полицијата во Кеноша соопшти дека интервенирала на „извештаи за пукање и повеќе жртви“ во градот околу пет часот утрото по локално време.

„Последиците се двајца мртви додека, третата жртва е префрлена во биолна со тешко но не опасни по животот повреди“, се наведува во соопштението. Отворена е истрагата и идентитетот на жртвите сѐ уште се утврдува, додава полицијата.

Гувернерот на Висконсин по протестите во Кеноша објави вонредна состојба, велејќи дека ќе мобилизира повеќе припадници на Националната гарда.