Двајца велешани приведени поради поседување кокаин

Во вторникот во попладневните часови на автопатот Скопје-Велес, пред наплатната рампа Сопот, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со СВР Велес привеле две лица откако при личен преглед кај нив бил пронајден кокаин.

Како што информира во средата Министерството со внатрешни работи, уапсени се 24-годишниот Д.К. и 31-годишниот А.А., и двајцата од Велес, бидејќи дрогата била откирена при преглед извршен џипот „ауди“ кој го управувал Д.К., а сопатник бил А.А.

Лицата се приведени во полициска станица и по насоки на Јавен обвинител од ОЈО Велес, против нив ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основано сомнение дека  извршиле кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.