Двајца возачи повредени во сообраќајка во битолско

Двајца возачи, жена и маж, се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 10:30 часот на патот Новаци – Ношпал.

Од МВР информираат дека во несреќата учествувале „Фолксваген поло“ управувано од 50-годишната С.В.Т. од с.Лавци, битолско и „Даеву ланос“ управувано од И.С.(55) од с.Новаци, битолско.

-Во незгодата С.В.Т. се здобила со тешки телесни повреди, а И.С. се здобил со телесни повреди. На двајцата им била укажана лекарска помош во Клиничката болница Битола, велат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.