На 18.06.2021 во 11.05 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Р-1101 Битола-Ресен, во близина на с.Братиндол, битолско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „голф“, управувано од П.М.(31) од с.Ротино, битолско и товарно возило „дфм“, управувано од П.М.(71) од с.Облаково, битолско, двете со битолски регистарски ознаки, информира МВР.
По незгодата двајцата возачи се пренесени во Клиничка болница Битола, каде кај П.М.(71) биле констатирани тешки телесни повреди, а кај П.М.(31) телесни повреди.
Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Битола.