Двајца загинати во налет на автомобил во пешаци во Германија

Две лица загинале а најмалку десет се повредени во вторникот кога автомобил се залетал во пешаци во германскиот град Трир, соопшти полицијата.

Засега не е познато ништо за можната заднина на инцидентот кој се случил во строго пешачката зона на градот.

„Приведовме едно лице, автомобилот е запленет. Две лица, според досегашните податоци, загинале“, објави трирската полиција на Twitter.

Локалните власти го повикаа населението да го избегнува центарот на градот и тие известуваат за 15 повредени. Трир е град во сојузната покраина Рајнска област-Пфалц, на западот од Германија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.