Двајца загинати во сообраќајка на патот Штип-Кочани

Двајца загинаа во тешка сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне на експресниот пат Штип-Кочани. Во сударот на два автомобили едно лица завршило со тешки телесни повреди, информира МВР.

– На 20.06.2021 во 14.10 часот било пријавено дека на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на нас.„Три чешми“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „тојота корола“, со битолски регистарски ознаки, управувано од А.И.(39) од Битола и патничко возило „хонда ЦВ“, со велешки регистарски ознаки, управувано од А.М.(40) од Велес. Од екипа на Итна медицинска помош кај двајцата возачи била констатирана смрт на местото на незгодата. Во незгодата со повреди се здобил и сопатникот од возилото „тојота корола“, Б.К.(30) од Кочани, констатирани во Клиничката болница Штип – велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип и Јавен обвинител, по чија наредба  телата на почнатите биле дадени на обдукција.