Двајца жители на Студеничани нападнале полицајци

Двајца мажи од скопското село Студеничани се приведени во саботата поради агресивно однесување кон полициски службеници кои биле на должност, информираше министерството за внатрешни работи.

 

Полициски службеници од СВР Скопје на булеварот „Крсте Мисирков“ и булеварот „Никола Карев“ вчера во 15.50 часот ги привеле Р.А.(38) и Н.А.(35) од селото Студеничани, Скопско, поради тоа што се однесувале агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.