Двајцата уапсени Американци обвинети за тероризам во Венецуела

Венецуела ги обвини двајцата поранешни американски војници Лук Александер Денман и Еран Бери за „тероризам“ и „завера” заради нивното учеството во неуспешниот обид за инвазија и преврат за соборување од власта на претседателот Никола Мадуро, изјави денеска генералниот обвинител на земјата.

Денман (34) и Бери (41) се наоѓаат меѓу 17-те лица кои беа фатени од  венецуелските сили, откако во неделата рано утрината им беше откриен и спречен обидот за државен преврат во Венецуела.

Генералниот обивнител Тарек Вилијам Сааб изјави дека тие се обвинети за „тероризам, завера, шверц на воено оружје и криминално здружавање” и може да добијат казни од 25 до 30 години затвор.