Два дена по легализацијата: Канада има недостаток на марихуана

По легализацијата на продажбата на канабис во Канада, силната побарувачка делумно доведе до тешкотии во снабдувањето.

Во провинциите Њуфаундленд и Саскачеван, како и во арктичката територија на Нунавут, резервите се потрошиле. Канадскиот портал за канабис во Онтарио ги предупреди своите онлајн корисници за периоди на чекање до пет дена. Пред многуте продавници за марихуана во земјата на вториот ден по легализацијата, се формираа долги редици.

Меѓу луѓето кои чекаат пред продавница во Монтреал е 30-годишниот Александар, кој во средата чекаше пред продавницата залудно. По седум часа чекање, тој беше испратен во 21.00 часот. Полицијата ја растера толпата без инциденти. „Тоа беше пекол, беше студено“, вели Александар. „Сепак, се забавувавме“, додаде тој.

Во средата Канада стана втората земја во светот по Уругвај, која што целосно ја легализира продажбата на канабис. Канадските граѓани на возраст над 18 години – во некои Држави старосната граница е 19 години, имаат право да купуваат по нарачка или во овластените продавници грам хашиш за околу десет канадски долари (4,30 евра). Износот на лична употреба е ограничен на 30 грама.

41-годишната Женевиев Деспре е еден од среќните кои успеале да купат марихуана во продавница во средата. „Јас обично не пушам канабис, но бидејќи беше историски ден за Канада, решив да пробам“, вели таа.

Во најгусто населената покраина Онтарио, во првите часови по легализацијата, беа направени 38.000 нарачки во вредност од околу 750.000 долари. Обемот далеку ги надмина очекувањата, изјави владата на провинцијата Квебек, која регистрираше 42.000 нарачки.

Во јуни, канадскиот парламент го одобри законот за одобрување на потрошувачката и производството на канабисот. Канада е меѓу земјите со најголема потрошувачка на марихуана по глава на жител. Критичарите предупредуваат за здравствените ризици и зависноста кај младите луѓе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.