Два дена пред одбележување на раѓањето на Гоце Делчев улицата „Самоилова“ затворена за сообраќај

ФОТО: Телма

Од попладнето во четвртокот од 18 часот, затворена за сообраќај е улицата „Самоилова“, каде се наоѓа црквата „Свети Спас“.

Таму во сабота ќе се одбележува годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Од министерството за внатрешни работи (МВР) најавија дека од попладнево, два дена пред одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, ќе ја затворат за сообраќај улицата „Самоилова“, на потегот од улицата „Иљо Војвода“ до крстосницата со „Прохор Пчински.

Во сабота по улиците „Лазар Личеновски“ и „Самоилова“ ќе се вози само под посебен сообраќаен режим.