Два гола и асистенција на Суарез во дебитот за Атлетико

Во првиот натпревар во новата сезона Атлетико Мадрид ја совлада Гранада со 6:1 со два гола и асистенција на довчерашниот напаѓач на Барселона, Уругваецот Луис Суарез.

Суарез кој беше протеран од новиот тренер на Барселона Роналд Куман, во петокот го доврши минувањето во Атлетико, доби шанса во последените 20 минути од натпреварот а само две минути откако влезе во игра му асистираше на Маркос Љоренте за погодоик. До крајот Суарез двапати се впиша меѓу стрелците, во 85 и во третата минута од судиското продолжение.

Головите за „Јорганџиите“ ги постигнаа уште Диего Коста во 9, Анхел Кореа во 47, Жоао Феликс во 65 и Љоренте во 72 минута, а за Гранада стрелец беше Хорхе Молина во 87 минута. Победата на Атлетико можеше да биде и поубедлива, но Саул во 16 минута не реализираше пенал.