Два гола на Бонучи за победа на Јувентус

Allianz Stadium in Turin, Italy, 1 may 2022 ANSA/ALESSANDRO DI MARCO

Јувентус во неделата во натпреварот од 35 коло на италијанското фудбалско првенство на домашен терени 2:1 со многу напроти ја совлада одамна отпишаната Венеција, со двата погодока на Леонардо Бонучи.

Бонучи прво ја затресе мрежата Веенција во 7 минута од мечот. Венеција до израмнувањето дојде во второто полувреме во 71 минута преку Матиа Араму, но по само пет минути Бонучи со својот втор погодок на мечот му ја донесе победата на Јувентус од 2:1.

Благодарејќи на оваа победа, Јувентус се зацврсти на четвртото место на табелата со 69 бодови, и со десет бодови предност го обезеди последното место кое води во Лигата на шампионите следната сезона. Наполи е трет со 70 бодови, додека на врвот се миланските прволигаши Милан и Интер со 74 и 72 бодови од 34 кола.

Венеција остана последна со 22 бодови од 34 кола и на три кола пред крајот на сезоната има сѐ уште теоретски шанси за опстанок, има шест бодови помалку од местото кое дава опстанок во Серија А, на коешто моментално е Калјари кој има одиграно 35 кола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.