Два гола на Ибрахимовиќ за победа на Милан

Sardegna Arena stadium in Cagliari, Sardinia island, Italy,18 January 2021 ANSA/FABIO MURRU

Фудбалерите на Милан во 18-то коло од италијанското првенство во понеделникот на кости кај Калјари славеа со 2:0, задржувајќи ја предноста на врвот на Серија А.

Милан од 74 минута играше без Алексис Алемакерс кој заработи два жолти картона.

Двоен стрелец за победата на „Росонерите“ беше шведскиот ветеран Златан Ибрахимовиќ, во 7 минута од пенал и во 53 минута, со што стаса до 12 погодоци во овој шампионат на Серија А. Ова е петти пат сезонава 39-годишниот Швеѓанец да постигнува два погодока на еден натпревар и е на второт место на листата најдобри стрелци заедно со Чиро Имобиле од Лацио и Ромелу Лукаку од Интер, а на чело на листата е Кристијано Ромалдо кој постигна 15 погодоци.

Куриозитет е што Ибрахимовиќ е стрелец на седумте последни натпревари против Калјари, настапувајќи за Интер и за Милан.

Милан сега со 43 бодови има три бода повеќе од градскиот ривал Интер. Калјари, пак, е 17-ти на табелата со 14 бодови, само бод повеќе од местата кои водат во Серија Б.