Два гола на Каземиро за победа на Реал во дербито со Севилја, пораз на Атлетико

EPA-EFE/EMILIO NARANJO

Во дерби натпреварот од 20-то коло на шпанското фудбалско првенство во првиот саботен меч, Реал Мадрид на својот „Сантјаго Бернабеу“ со 2:1 ја победи Севилја.

Гостите први постигнаа погодок во 32 минута, но погодокот на Лук де Јонг, судијата Хуан Мартинез Мунуера го поништи по прегледување на ВАР-от, а истиот играч во 64 минута го донесе привременото израмнување 1:1 за Севилја. Каземиро првпат во дресот на Реал постигна два погодака на еден меч, во 57 и 69 минута, со што „Кралскиот клуб“ повторни е на првото место со 43 бодови, три повеќе од Барселона која во недела го игра дуелот од ова коло. Севилја, остана четврта со 35 бодови.

Со 35 бодови и на третата позиција остана и Атлетико Мадрид, кој со 0:2 беше поразен на гостувањето кај Еибар, кој сега е 16-ти со 22 бодови, седум повеќе од зоната на испаѓање. Стрелци за домашните беа Естебан Бургос во 10 и Еду Експозито во 90 минута.

Алекс Видал во 64 минута беше стрелец на победничкиот гол за Алавес на гостувањето кај Леванте. Алавес со новите три бода собра вкупно 23 и е на 16-то место, а Леванте остана на 26 бодови, со кои е на 11-то место на табелата.

Осасуна и Вајадолид одиграа без голови, па сега домаќините имаат 25 бодови и се на 12-то место, а гостите со 22 бодови се на 15-то место.

Во петокот вечерта во дербито на тимовите од мадридските предградија Хетафе со 3:0 го совлада Леганес. Хетафе моментално е на петтото место, сега со два бода помалку од Севилја и Атлетико, а Леганес е претпоследен 19-ти со 14 бодови.